(ФОТО) Непрепознатливи: Вака на својата венчавка изгледаа финалистите на „Никогаш не е доцна“
За време на популарната емисија „Никогаш не е доцна“ публиката имаше можност да запознае многу пејачи, нивните животни приказни и членовите на нивните семејства.
Иако, веројатно не можете ни да замислите како поединци изгледаа на својата свадба. Победниците на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“ Ленче Кукиќ и нејзиниот сопруг Горан си ветија вечна љубов по неколку години врска.
Тие во далечната 1996 година го кажаа судбоносното „да“ во Струмица, а како што и самите неколку пати нагласија, тоа било свадба за паметење.
Голем број гости присуствувале на нивниот посебен ден кој беше проследен со македонски обичаи.
Тие денес, по речиси три децении брак, важат за еден од најскладните парови на сцената, но како и кај сите, понекогаш има несогласувања, за кои Горан неодамна проговори за Гранд.
-Кога ќе станеме, сакам да го испијам кафето натенана, а таа веднаш почнува да зборува. Си мислам дај замолчи Ленче. Затоа се симнувам на првиот кат да пијам кафе, се симнувам во мојата резиденција – низ насмевка изјави поранешниот победник.