(ФОТО) Палчо со лисици на раце, Спасовски објави како бил уапсен
На вечерашната прес-конференција Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски излезе во јавноста со две важни известувања за граѓаните:
Она што сакам лично да го споделам со вас како посебна обврска, најнапред како човек, како родител и како граѓанин на мк која деновиве живее во длабока жалост, но и како министер е штотоуку добиено известување од колегите од пријателска Турција дека креатоерот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие кривични дела е фатен и лишен од слобода на нивна територија.
Тоа беше и последната алка од овој грозоморен чин која ни недостасуваше за да кажеме дека сме завршиле се што беше во надлежност на МВР токму врз основа на наши оперативни сознанија продолживме со билатерална комуникација за целна потрага по овој монструм.
Со возило негово е однесен во Србија, понатаму таму е оставен во еден хотел, од таму наредниот ден го превзема исто така друго лице од скопје со џип Ренџ Ровер и преку граничниот премин Градина влегува во Република Бугарија, има транспорт низ територијата на Р.Бугарија и влегува во Турција.
Во Турција оди во градот Баликесир и напите служби стапуваат во контакт директно со еден нивен оперативен извор којшто за многу кратко ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни кажа за неговите намери дека оттука сака да замине во Истанбул и тука е практично симулирањето негово дека ќе оди и повторно се враќа назад во градот.
Денеска попладнeвo од страна на колегите од труската полиција е уапсен додека се движел пешки по еден од автопатите меѓутоа во Баликесир.