Човекот кого усреќи и помогна многумина, сега има потреба од помош: Борче Стаменов побара пари – кажа и зошто
Борче Стаменов од Кавадарци е добро познат лик кој го одликува хуманоста преку својата својата организација Донирај Компјутер.
Со својата добри тој има помогнато на многумина и притоа усреќено, а овојпат преку својот фејсбук профил побара помош:
Пари ко пари, не секогаш се потребни. Но, понекоаш се неопходни. Рековме дека ние во #ДонирајКомпјутер бараме помош само кога навистина ни треба.
Средствата кои беа на нашата сметка се прикрај. И сами гледате дека скоро секоја недела по повеќе пати патувам некаде. Дали да договорам донација, дали да подигнам донација, дали да потпишам договори и слично.
Средствата воглавно се трошат на патарини и паркинзи. Ако ги нема, едноставно не сум толку силен и тие трошоци да ги сносам од мој џеб.
Одамна не сум ја објавил нашата сметка, може и повеќе од половина година затоа шо немало потреба. Па еве, пошо морам, ова е нашата сметка доколку сакатe и сте во можност да ни помогнете во нашата мисија:
Дознака: Донација Банка: Силк роад Носител: Донирај Компјутер С-ка: 280109104205109 И споделување ќе ни биде од голема помош, тенкс