Штипјанецот Ристе по 2 години го победи лихварот и си го врати домот, па упати моќна порака до цела јавност
По две години, Ристе Бањоглав од карбинското село Долни Балван повторно живее во татковата куќа.
По неверојатно тешка и неизвесна борба, тој успеа да се спаси од лихварот и сите извршители кои му доаѓаа на врата
„Беше многу тешко, не знаев во тој момент каде да одам што да праам и каде да ги носама децата во тие тешки моменти“, започнува во своето излагање за ТВ Стар и додава:
„Меѓутоа треба да се издржи во живото, сум поминал многу во животот, покрај сите маки што ги имав, со извршувањ, полиција, со држава, на крај апалација по нивно барање на извршителка која ни ун ишти цела куќа, ни ги врати ствари.
Она што го зборе тогаш и сега се докажа, правдината излезе на виделина, објеките и куќата не се предмет на извршување
Целиот процес, аргументи и фактит беа на моја страна, испратив и покажав илјадници писма, 18 пати лицитириав за долгот, овој правен систем треба да се промене. Вистината да ја докажам ми требаше цели 2 години.
Најнапред да и се заблагодарам на моите пријатели кон кои имама долго, а кои имаа трпеени, ми помогна и цела македонска јавност, луѓето во министерството за правда и судовите.
Тој сега има нови планови за животот, но притоа порача и упати една порака.
Најнапред сакам да излезам од овој лавиринт, од судските процеси кои се веќе при крај. Финансиски ситуацијата на сите луѓе кога ќе немаат пари ни сметките да си ги платат, ги тера да се задолжуват. Но мој иксрен совет е немојте да си имат работа со лихварите, тие се нај про келти, нема аир од тие пари.