Јордан Митев: Да правиш разлика помеѓу село и град, треба да си тежок ропак и големо сељачиште
По повод големиот христијански празник Прочка, еден од најпознатите фолклорни музичари во Македонија, Јордан Митев, се огласи на Фејсбук и напиша:
Уште едно ново утро, добро утро почитувани фанови! Денес е убав ден, Прочка, ден кога може да си простиме еден на друг. Секогаш сум да се просте, затоа што човечки е да се згреши, но доколку има вистинско покајание и доколку грешката не е свесна и намерна.
Доколку нема вистинско покајание и доколку грешката е со умисла и лоша намера, тогаш простете толку колку што нема да носите г нев и тежина во душата, и не заборавајте!
Затоа јас во оваа прилика ви велам, простете доколку во изминатите 365 дена сум згрешил! Често ми пишувавте во изминативе 2 недели, зошто сум заминал од Македонија.
Почитувани, не сум никаде заминал, и не сум ги спакувал куферите за да заминам од Македонија. Само бев на кратко до Австралија. Тоа што порталите си ги пренесуваат вестите на свој начин е друга работа.
Поздрав од моето село Подареш. Кога сум кај селото во изминативе денови видов и прочитав дека сеуште има луѓе кои што прават разлика помеѓу село и град, човек од село и човек од град.
Многу жално, во овој мал, брз и глобален свет да правиш разлика помеѓу село и град, треба да си тежок ропак и големо сељачиште.
Јас сум од таму каде што сум, и сум горд на моето потекло бидејќи Господ ме дал таму, колку и да има маани, од овде е мојот корен.
Часовникот почнува од 12:00ч(00:00)прави цел круг, и пак се враќа на почетокот. Бидете како часовникот, бидејќи тоа е вистинско родљубие и патриотизам, се друго е ветар и магла. Повелете на кафе, а за кратко ќе биде готов и качамакот со матеница! Убав ден и за многу години!