Јоце Панов видно лут се огласи по она што му го направија: Извртени се моите зборови, извадени од контекст
Познатиот македонски пејач Јоце Панов денес се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:
Оставив простор од неколку денови пред да Ви се обратам, за да видам до каде можат да одат поединци со нивните коментари, како и со способноста за извртување на моите зборови, се со намера да ме претстават во некое погрешно издание и лошо светло.
Забележав дека некои зборови беа извадени од контекст, објавени беа само некои исечоци од емисијата со цел да зголемат процент на гледаност на истата, без притоа да размислат дали ќе ме понижат, дали ќе ми направат проблем, дали ќе предизвикаат појава на гнев и ом раза кај одредена популација кон мене,
Или ќе ги поттикнат оние кои со нетрпение очекуваат да прочитаат нешто што не е точно и да го искористат истото за да си ја олеснат душата од гневот што секако со години го имаат кон мене.
Ако јас на истиот начин ја исецкам емисијата и објавам делчиња од сите присутни во истата, ќе видите дека има многу материјал за нав редливи наслови и видеа и дека сите некого наводно навредиле, но кога ќе ја изгледате целата емисија тогаш сликата е поинаква и реална.
Јас не им се обраќам ниту на првите, ниту на вторите, бидејќи тие секако и после ова ќе продолжат со нивната работа (да шират гнев и ом раза), а дел од нив тоа го покажаа и изминативе денови со насловите и ужас ните коментари за девојка која објави убава вест дека е запросена и дека ќе стане мајка.
Јас им се обраќам на оние кои се само набљудувачи и добиваат информации од горенаведените, без да ја гледаат емисијата, да ја согледаат поентата и да увидат самите во кој контекст биле нештата кажани и со каква порака.
Јас сум присутен на естрадата веќе 20 години, сум имал многу настапи по емисии. Да не размислував што зборувам, досега немаше да постигнам ништо и немаше да имам толку многу пријатели во оваа држава.
Начинот на кој се прикажа оваа ситуација, направи да изгледа дека јас си ги навр едувам дури и своите најблиски, семејството и пријателите со кои сум секојдневно, што е целосно погрешно и без смисла.
Накратко ќе ја објаснам дискусијата што се водеше во емисијата за оние кои не сакаат да ја гледаат, а донеле некаков погрешен заклучок.
Емисијата беше со прилично деликатна тема – сељачизам. Ако ја гледате цела емисија, ќе сфатите дека имаше многу дискусии кои се осетливи и за кои секој гостин даваше свое мислење.
Како на пример: што е кич или сељачка музика, кои се сељачки манири, за дијалектите, за провинцијалците, за тоа како децата во училиште ги на вредуваат оние деца кои зборуваат на дијалект и слично.
Слушнете ја емисијата од 22:30 минута и ќе разберете која е поентата. Се зборуваше за тоа како ученици исмејувале свои соученици за нивниот дијалект.
Оттука се коментарите на сите гости во емисијата, како и мојот коментар каде што не генерализирав, туку јасно потенцирав само за “оние кои се нарекуваат скопјани” а навредуваат други кои зборуваат на дијалект (а не за сите).
Затоа и прашав дали и мојот син утре ќе се декларира како скопјанец само затоа што е роден во Скопје, и дали треба да пон ижува или исмејува други деца што зборуваат на друг дијалект, а неговиот татко дошол од Штип?
Ако ја сфатите мојата поента и ако сите ги учиме своите деца на основните вредности и морално однесување – дека не смеат така да размислуваат и понижуваат, бидејќи не постои човек што во неговите корени, поколенија, нема некој што не дошол од друго место, дали татко или мајка, дедо, баба, прадедо, прабаба итн,
Ако сите на тој начин ги воспитуваме нашите деца и ако им укажеме дека со понижување на друго дете што дошло од друг град, исмејуваат можеби и некој од своето семејство, е тогаш нема да имаме раздор и поделби помеѓу децата, тогаш секое дете ќе има коректен и рамноправен однос кон своето другарче.
Тоа беше главната поента на разговорот во емисијата, со која сите се согласивме и кажавме свои примери, дека во секое наше семејство постои некој кој дошол од друго место во еден град, што е и нормално.
Единствената цел беше на некој начин да помогнеме за поттикнување на свеста и подобрување на општеството, без делби и понижувања кој од каде е.
На крај на денот, најважно е да бидеме луѓе и да шириме љубов и позитивна енергија. Повелете линк (самиот наслов и извртен и лажен).