,,Југоманија” во Америка – доколку имате Југо може добро да заработите на него
Реченицата ,,Југо нече дуго” не држи вода, особено во Америка, каде побарувачката за овој автомобил е на многу високо ниво.
Купувачите во САД едноставно лу дуваат за гордоста на Југославија, па по години исмејување на овој автомобил дојде до тој степен што се издвојуваат сериозни пари за сосема обични примероци кои се добро сочувани.
Најновиот пример доаѓа од аукциската платформа Бринг Трилер. Станува збор за Југо ГВЛ од 1988 година, кој со помалку од 108.000 км е сосема обичен автомобил.
Судејќи по фотографиите, тоа е добро одржувана и сервисиран. До 2021 година тој бил кај првиот сопственик, кој очигледно добро се грижел за својот автомобил, особено за 1,1-литарскиот мотор со 55 „коњи“.
Овој примерок,е продаден по цена од дури 9.001 американски долари, што потврди дека 12.100 долари за кабрио верзијата не биле само случајност или избрзан потег на некои „Југо носталгичари“. .
Американците, се чини, препознаваат одредени квалитети на производот на Застава, кој во поранешната земја лесно го отфрлија како сра мен полупроизвод. Сè повеќе луѓе го наведуваат лошото одржување како главна причина за лошиот имиџ на Југо во Америка.
Така, во коментарите на оваа аукција, еден коментатор наведува дека изнајмил Југо за само 10 долари/ден и направил пристоен профит.
Тој вели дека било потребно само редовно да се сервисира автомобилот и се ќе биде како подмачкано. Па доколку и вие имате добро зачувано Југо може да профитирате.
Во секој случај, Југото е дефинитивно повеќе барано и ценето „преку барата“. А само да се потсетиме колку го критикуваа.