Љубовна драма во Штип: Ја натепал екс девојката, а потоа собрал другари, па го тепале и нејзиното ново момче
January 20, 2024
Вистиснак драма се случувало вчера во доцните вечерни часови во Штип која резултирала со физичка пресметка.
За настанот информираше МВР, а притоа е нотирано следново:
На 19.01.2024 во 22.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.В.(22) од Штип затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 18-годишна девојка од Штип.
А по нападот, тој, Д.М.(20) и Б.П.(22), двајцата од Штип, започнале физичка пресметка со нејзиното момче П.Б.(23) од Штип.
Во полициска станица биле приведени Д.М., Б.П. и П.Б. и со нив бил извршен службен разговор. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.