Дедо Ламбе од Охрид кој има 90 години не може да добие пензија: Со синот морав да копам канали и чистам бавчи за да преживеам
На Ламбе Цепенкоски од Охрид кој има 90 години,Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одбива да му исплати пензија за период од 1992-ра до 2004-та година.Својот работен век како воено лице,тој го поминал во Мостар,а по разгорувањето на војната во поранешна Југославија, во 1992-ра се вратил во Македонија.
Од тогаш почнува неговата голгота. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не му ја дава пензијата која му следува,и за да го прехрани семејството поранешниот офицер работел се и сешто.
-“Јас морав да работам приватно, јас и синот Драган копавме канали,чистевме бавчи.Па кога дојде есента почна да се бери грозје,јаболка сите таму беревме.Луѓето ни плаќаа колку толку и преживувавме”-вели Ламбе Цепенкоски за Алфа ТВ.
Адвокатот Владо Чингоски кој 13 години води правна битка, појаснува дека македонската влада во 1992-ра година донесла небулозна одлука според која само на оние кои се вратиле во земјава заклучно со 31.03.1992-ра година ќе им се признае правото на пензија
-По 2002-ра година се потпишува договорот за сукцесија на бифшо југословенските републики и се носи анекс Д согласно кој, секоја држава редовно ќе ги исплаќа легално заснованите пензии без разлика на националност и државјанство.
Потписник на овој договор е и Република Македонија,но нашата држава иако не смее, им го одзема правото на пензија-вели Чингоски. Фондот произволно одлучил да му доделува пензија од 2004-та година,а за дванаесетте години претходно не им е исплатен скршен денар.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.