(ФОТО) Тажно беше денес во Крушево – погребан таткото на Тоше Проески, а внукот емотивно се прости

Денеска, на големиот христијански празник Велипеток, во Крушево беше погребан Никола Проески, таткото на македонската и балканска музичка ѕвезда, но и голем хуманитарец, Тоше Проески.

– Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше.

Неизмерна е болката на семејството Проески, со кои сочуствуваме. Искрено сочуство до фамилијата, нека почива во мир – напиша Томе Христоски, градоначаникот на Крушево на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде последна почит на својот Инстаграм профил.

Кико сподели фотографии од своето детство се до денес, заедно со дедо Никола и Тоше, а под нив напиша само кратко – „Папу“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kristijanristeski