Само за покриени жени: Се отвора првата „плажа со хиџаб“ на Јадранот

Во Улцињ, Црна Гора, се отвора првата плажа на која пристап ќе имаат само жените со хиџаб.

Како што е најавено, оваа плажа ќе биде затворена и резервирана само за покриени жени, а пристапот до сите останати ќе биде забранет. Ќе бидат достапни дваесетина лежалки.

Познато е дека муслиманите се мнозинство од населението во Улцињ. Според податоците од пописот од 2011 година, околу 73 отсто од вкупното население се изјасниле како муслимани, пренесува Azrana.ba.

Ваквите плажи не се сосема непознати во светот, иако ги нема премногу. Хиџабите прилагодени за плажа не се ништо ново и постојат бројни специјализирани модни линии за жени кои ја почитуваат оваа традиција.

Хиџабот е традиционална исламска облека која ги покрива косата, вратот и рамената на жените. додека лицето може да се открие. Кои жени ќе одлучат да носат хиџаб зависи од различни фактори: регионалните верувања, културните норми и законите на одредена земја.

На пример, во исламот, хиџабот е задолжителен за сите жени по пубертетот, додека многу жени го носат како израз на нивната вера.