Марија од Прилeп низ солзи: Иако имав само 3 години добро се сеќавам на моментот кога мајка ми ми кажа ,,збогум”
Ружица Цветковска од Прилеп има тажна животна сторија, пребрзата одлука на мајка и да ја омажи на само 14 години не само што ќе и го скрати детството, туку веројатно ќе и го упропасти и животот подоцна.
После 7 години првиот сопруг ја остава одземајќи и ги трите деца, а, овојпат таа носи погрешна одлука со човек кој како што таа вели – ќе и го дозагорчи животот.
Станува жрт ва на семејно насил ство, ќе биде бркана на улица со децата, се додека еден ден не биде принудена за да може да опстане, да им каже збогум на најмилите и да ги остави во Дом за сирачиња.
Од четирите деца што ги раѓа, живи ќе и останат само две, момче и девојче, во лоша средина и никакви услови овие деца ги минуваат првите години од својот живот.
Таа нема никакви услови за своите деца кој често ќе спијат заедно со мајка си по улици, па таа е принудена да ги остави во дом и да работи макотрпно за да ги посетува барем еднаш месечно и да мечтае дека еден ден повторно ќе бидат семејство.
Денес децата се возрасни и реализирани луѓе, Ружица има 50 години и живее живот под кирија во куќа која од сите страни тече и дува.
Од приход има само околу 5.000 денари, останува гладна и по четири дена, а се грее со прачки и хартија, и живее со надеж дека барем еден ден ќе се разбуди среќна.
– Со картони се греам, тоа е главно средство за греење, дрва немам, овој живот што го живеам не го посакувам никому и да не го помине никому тоа јас што го поминав.
– Мојте деца се веќе реализирани на семеен план, и ќерката и синот, јас живеам сама, и се надевам на подобро утро, вели во солзи Ружица пред камерите на ,,Срце на дланка”
– И здраствено не сум баш најдобра, работев цел живот како аргатинка, берев тутун, така и ги износив сите деца по нивите, а за жал некој од децата ги изгубив при пораѓај.
– Се сеќавам добро на денот кога мајка ми ме даде во дом иако бев многу мала, се сеќавам на зборот ,,Збогум” вели во солзи ќерката Марија.
– Таму бев опкружена со деца, но ми фалеше мајчинската љубов. Таа доваѓаше да не посетува на одредено време, додава Марија.
Инаку во оваа куќа во која пропушта и дува од секаде често престојуваат и ќерката и внуката, а таа нема со што да ги прехрани и да ги стопли.
– Од тие приходи што ги имам, дел од парите одат и на кредитот што го имам, има за неколку дена од месецот но потоа е вистинско преживување.
– Слична ситуација како таа на мајка ми живеам и јас сега, но детето никогаш нема да го дадам во дом, а мечтаам сега да се вработам, вели младата Марија.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство на било каков начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 076981642 или на трансакциската сметка 280110104324676 Ружица Цветковска