Плетените волнени чорапи повторно се во мода: Тетка Љубица од Штип открива каква е побарувачката и цената
Сведоци сме дека постепено занаетите исчезнуваат од овие простори, технологијата напреднува па така златната рака на мајсторот е заменета со робот.
Плетени и волнени чорапи, како и гети или калци се уште можат да се најдат на пазарите. Тетка Љубица од Штип е една од последните изработувачи на плетени калци.
Таа своите производи ги изложува на штипскиот пазар: Волна немам своја но бирам квалитетна и купувам од околните села каде што се чува овци.
– Најпрво ја предеме волната, па после плетеме. Можам да кажам дека интересот е голем, имам побарувачка и од младите и од старите.
– Ние фамилијарно дома плетеме, овој занает го наследив од мајка ми, таа доста добро плетеше. Не е исплатливо, вели Љубица пред камерата на телевизија ,,Стар”
– Ова што го работам бара доста труд и ма ка, затоа младите не сакаат да плетат. Гледаат колку макотрпно се изработува ова и не сакаат.
– Цената зависи од производот започнува од 250, некој 300, па до 500 денари, зависи и од големината, објаснува тетка Љубица.
Ова е само еден од занаетите кој полека згаснува со текот на времето. Помеѓу занаетите кој згаснуваат може да ги наброиме и:
Јорганџиите, опинчар, ортомар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач и уште многу други занати без кој не би се замислило функционирањето на човекот.