Со моторна пила влегол во кафич и го терал диџејот да ги пушта неговите песни
Вообичаено секој од нас го чека викендот, било за да се одмори од работната недела, било за да излезе малку и да се опушти.
Но лу дите и забавни излегувања за време на викенд носат и интересни доживувања кои за многумина се за неверување.
Минатата сабота навечер во Дарувар, на улицата Стјепана Радиќ, 40-годишен маж во алко холизирана состојба со моторна пи ла во рака влегол во угостителски објект.
Тој се приближил до пултот на диџејот, ја ставил моторна пи ла напред и му рекол на 23-годишниот диџеј да ги пушти песните што ги нарачал или ќе го скр ши пултот.
Однесувањето на 40-годишникот ги во знемири гостите. Полицијата го прив еде и му ја одзеде моторната пи ла. Потоа бил сместен во специјални полициски простории додека не се отрезнил.
Според полицијата, до надлежното одделение за пре кршоци при Општинскиот с уд Бјеловар ќе биде поднесен обви нителен акт поради сторен дел од член 13 од Законот за прекр шоци против јавниот ред и мир.