(ВИДЕО) Лиде на Венко објави нова песна, а спотот за истата остава без здив
Кога започна ситуацијата со корона вирусот во Македонија многумина се сеќаава дека тогашниот актуелен министер Венко Филипче држеше пресконференции речисе секој ден.
Но она што на многумина тогаш им влезе во око беа креативните коментари на неговата најголема обожавателка Лиде Лиде,
Низ времето, нејзините коментари станаа симбол на лајв видеата од обраќањата поврзани со ви русот, разведрувајќи ја негативната атмосфера во јавноста со изразување љубов кон министерот или некоја креативна покана за кафе.
Таа често пати јавно преку социјалните мрежи и медиумите изрази отворена желба да оствари средба и да се запознае со Венко, па и да испие кафе.
Популарноста на Лиде од тогаш постојано расте, а за тоа придонесуваат нејзините активности на социјалните мрежи.
Во меѓувреме таа започна и музичка кариера и објави неколку песни, меѓу која и последната денес со наслов Незапирлива
„Песна инспирирана од повеќе вистински настани и луѓе Снимањето беше со импровизации и ограничувања на движења,сцени,објекти,време.
Какво е такво е,комплекси немаме.Ние се забавувавме. П.С. требаше да бидеме гадни глумци, исклучок беше се кси инспекторката.
Посветено на секој што се нашол и ќе се најде во слична ситуација.
Посебен уддел во мојот измалтретиран изглед има мојот мачор Томи,цела ноќ не ме остава да спијам ме буди на секои 2 часа.“ вели за новата песна Лиде.
Песната има доста несекојдневен текст, а спотот самиот по себе е приказна, едноставно остава без здив. Како звучи и зигледа во продолжение овде.