Баба Косара на 102 години се вратила од Америка, го знае клучот на долговечноста
Косара Савкиќ Антиќ на 102-годишна возраст се вратила од Америка во своето родно огниште за да го помине остатокот од животот во родното Ваљево.
Живее во дом за стари лица и прво што направила е тоа што се зачленила во градската библиотека, и на овие години книгата и е главна опсесија.
Таа е во добра здравствена состојба, витална и весела. Само помалку слуша. Косара Савкиќ Антиќ, која имала позната продавница за слики, отишла во Америка во 1964 година.
По 59 години минати во Чикаго, го напуштила семејството и решила да се врати во татковината.На 102 години не може да живее без читање и добри книги.
Ќерката на Косара живее на Флорида. Во Ваљево купила куќа во центарот на градот која им била одземена по Втората светска во јна.
“Кога размислував за се, мислам дека направив добар избор. Од се сум задоволна. Се е доста добро. Сите се љубезни, фини”, додава Косара.
Косара ги користи убавите зимски денови за да се прошета низ центарот на Ваљево и да се потсети на деновите на младоста кога многу жители на Ваљево се сликале во нејзиното фото студио.
– Клучот на долговечност се должи на тоа што избегнувам караници и нер вози, мирниот живот придонесува за ова што сум денес, вели таа за ,,РТС рс”