Вишна од Скопје: За пет минути останав без се што имав, да не бев јас шесте внучиња ќе отидеа
Многу голем период е потребен да се создаде нешто големо, но од друга страна доволен е само еден миг да се остане без истото.
Токму без се што создала останала 64- годишната Вишна Марковска од Гази Баба, Скопје. Која од друга страна ги спасила своите чеда.
Но оваа не среќа не е единствената во животот на оваа жена. Таа изгубила многу драгоцени луѓе. А пред неколку години и столбот на нејзината куќа, нејзиниот сопруг.
,, Што уште треба да ми земе Господ” вели Вишна поставувајќи го ова прашање, која ваква не среќа не посакува на најголемиот душман.
Среќа во не среќа на тој суден ден баба Вишна и покрај тоа што гледала дека и се распаѓа домот, таа била прибрана и ги извлекла навреме своите шест внучиња.
– За само пет минути останав без се што создавав во годините наназад, ште тата е голема, јас сама бев во куќата со моите шест внучиња.
– Не гледав ништо друго туку да ги спасам само нив. Да не бев јас во тој момент шесте внучиња ќе ми отидеа во неповрат, вели со тешко срце баба Вишна пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Во меѓувреме останав без многу блиски роднини, од кој наблизок ми е мојот животен сопатник, односно мојот сопруг, вели во солзи Вишна.
– Помалото внуче се тркалаше по скали само за да поминат и другите за да може да се спасат, таа слика не може да ми се тргне од пред очи.
Со овој по жар се засегнати три семејства, денес тие спијат дел по роднини, дел под кирија, немаат ништо од намештај до облека, буквално им исчезна се.
– Не можам никако да се смирам, но ќе бидам благодарна од секој донација која многу ќе ми биде добредојдена, друго е чуството кога ќе сум дома, вели Вишна.
Доколку сакате да помогнете на ова семејство на било каков начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 070752022 или на транаксциската сметка 210501656923785 Вишна Марковска