(ФОТО) Комити не и останаа должни на Гробари: Влегоа во сала колку да им ја испратат пораката
Вардар се враќа од Белград со пораз од Партизан во рамки на СЕХА лигата, но дека резултатот ќе падне во втор план се виде уште на самиот старт.
Прво грчко знаме, па потоа парола од Гробари кон Македонија и Македонците, а на крај и односот кон навивачите на Комити го засени спортскиот дел.
Како што е познато два преполни автобуси со вардаровите навивачи утринава тргна за Белград за да го бодрат Вардарци, а во салата влегоа дури во последните минути.
Имено причина за тоа е што повеќе од три часа вардаровите навивачи не биле пуштани да влезат во Србија на граничниот премин „Табановце“ и тоа од српската полиција, без никакво образложение.
Откако им бил дозволен влез, со полициска придружба се упатиле накај Белград, но тоа одело толку бавно што веќе на сите им станало јасно дека нема да стигнат на почетокот на средбата.
Но тие сепак успеаа да влезат во сала и да испеат некоја песна, па имаа и време колку и да кренат парола на која стоеше:
Живо ви е кралството колку и другарството – алудирајки тоа дека поделбите кај Гробари (фракциите) во изминатите години се до толку големи, што работите отидоа предалеку.