Упорно се паркирале на неговата нива, му дошло преку глава па им возвратил во негов стил
Проблемите со пронаоѓање на паркинг простор е добро познат на сите, но на еден земјоделец му дошло преку глава што неговата нива ја користат како паркинг.
Приказната за Пава Бедековиќ од Хрватска го обиколи светот, а неговиот потег како ,,реванш” на шоферите ги насмеа многумина.
Британските медиуми ,,Д Сан” кој најде начин да ги спречи шоферите да се паркираат во неговата нива која е блиску до локалниот пазар.
Човекот долго време се соочувал со проблем, не можел да ја користи нивата и буквално му ја униш тувале, тој предупредувал, се расправал, но ништо не помагало.
Во моментот кога имаше околу педесет автомобили на нивата, тој го зел тракторот, и го изорал најголемиот дел од нивата така што никој не можел да излезе.
Возачите ја повикале полицијата, но залудно затоа што Паво не направи лошо, туку си ја работел својата земја. Полицијата дошла, но само за да им помогне на луѓето некако да излезат од нивата.
– Нема оштетен автомобил. Се е како што треба, но исто така Паво предупреди неколку пати за ситуацијата, велат неговите соседи.