(ВИДЕО) Македонскиот пејач замина во Австралија на турнеја, па си „лапна“ скапоцено Ламбурџини
Како што е познатоа далечниот контитент Австралија е дом на многубројни наши исленици. Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.
Далечната Австралија е дом на бројни Македонци кои со годините наназад се иселиле во потрага по подобар живот.
Податоците од последниот попис од годинава покажуваат дека вкупно 41.786 лица се пријавени како родени во Македонија. Околу 93% од тие луѓе се австралиски државјани, а околу 76% се на возраст од 50 и повеќе години.
Откако државата се отвори поради ковид мерките, од крајот на минатата година, така и во актуелната следеше голема преселба на македонските музичари.
Традиционално Австралија е еден од омилените пазари за нашите пејачи и пејачки, а тоа се докажа и овојпат.
Речиси и да нема месец, а во него да не гостува некој наш музичар или група која што има турнеја.
Овојпат актуелен е Сашко Нојкиќ или попознат како Цаки Кисми кој што ја започна и веќе е во тек неговата турнеја.
Во меѓувреме тој на својот фејсбук профил денес сподели видео на кое е во друштво на скопоцен џип Ламбурџини Урус чија цена е неколку стотици илјади евра.
„Со здравје да се вози“, напиша нашиот познат пејач крај видеото.