Најпознатиот наш доктор во Германија:Ја почнувам и втората работа за да си купам патики
Доктор Горан Трајковски е млад лекар, специјалист интернист во Баварија кој како и многу наши медицински лица реши среќата да си ја побара надвор од границите на нашата држава.
Горан важи за најпопуларен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети.
„Јас не се гледам како нешто посебно популарен, мислам дека сум истиот како претходно. Но, можеби сум популарен поради тоа што на социјалната мрежа Инстаграм го прикажувам целосно животот на еден лекар, па тоа можеби им е интересно на луѓето.
Таму добивам многу пораки од луѓето и често им давам совети за нивното здравје“, кажа во една прилика доктор Горан.
„Јас во Македонија не бев во работен однос туку како волонтер на Кардиологија па не можам да направам точна споредба, но откако дојдов во Германија последните 5 години мојот живот се врти само околу медицината, пацие нти, бо лести.
Медицинските ходници станаа мојот дом (затоа во Aмерика овој период се нарекува „residency“), социјален живот освен со фамилијата и колегите скоро и немам“.
Често објавува моменти и искуства од работата во бол ницата, во една прилика напиша дека е платено добро, но далеку од доволно ако се увиди типот на работа. Сепак горд е на тоа што може да го носи тој товар.
Овојпат, на својот Инстаграм профил сподели како заврши со еднонеделното дежурство и оди на втора работа: Завршив со дежурство ама сега втората работа ја почнувам за да си купам патики.