Јордан Митев: Мислам дека одиме во погрешна насока
Кога Јордан Митев, еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува, тогаш забавата е неизбежна.
За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
Јордан Митев беше гостин во емисијата Нешто конкретно каде зборуваше за брачните односи, за родителите, за неговото мислење во врска со брачните другари како домаќини, па кажа:
– Ако го следиме цивилизацискиот напредок ќе видиме дека одиме кон родител 1 и родител 2. Мислам дека одиме во некоја погрешна насока, според мене и затоа велам дека сепак, на мојата жена и е дозволено се, традиционалните вредности останале многу години бидејќи некој мора да го има последниот збор.
Меѓутоа кога ќе се спомне дека поголем дел од одлуките мажот ги носи, тоа не значи дека човекот е балкански маж. Сигурно во Дубаи не е подобро затоа што таму има екстреми, ако навлезете во нивната традиција тие одат во сосем други крајности, вели Митев.
Доколку мажот се грижи за сопственото семејство, одговорно, доколку е спремен да ги сноси последиците и позитивни и негативни од одлуките којшто ги донел, тој за мене е домаќин.
Истото важи и за домаќинка, за мене домаќинка не значи жената да биде само дома. Но, некој мора да биде дома инаку домот ќе биде празен. Така што, повторно зависи брачниот другар со што се занимава, додава Митев.
Освен тоа, Јордан откри и дека во нивното домаќинство парите стојат кај него. – Велат дека над 50 години го предаваш клучот на жената, до 50 го чуваш ти, вели тој.