Гоце од Куманово скоро цел живот го минува по болници: Позајмувам средства за да преживеам, а често легнувам и гладе

Гоце Јакимовски половина од животот го минал во болница. Иако е роден во Кратово, па преселен во Куманово, детството за жал ќе го мине на Детската клиника во Скопје. Повеќе од тринаесет години ќе рече тој минува низ болничките ходници.

Вели дека боледува од Паркинсон ВПВ синдром и нема лачење на хормонот за раст, па сиот живот растот и изгледот не му соодветствува со возраста.

Биле присутни и исмејувања од другарчињата, подоцна и од претпоставените, дури на регрутацијата за отслужување на воен рок ќе се уверат дека Гоце не е способен за служење таква обврска и ќе го прогласат за доживотно неспособен.

Оттогаш Гоце живее со социјална помош со која заедно со сопругата едвај преживува. И, таа за жал е невработена па повеќе од 17 години живеат во 15 метри квадратни. Тој простор им е се. И бања, и кујна, и спална и дневна.

Тажни и двајцата кажуваат дека едвај го минуваат животот. Често легнуваат гладни, а, парите од социјалното не им стигнуваат за да ја поправат собата која им тече од сите страни кога врне и во која веќе се се распаѓа. Затоа замолуваат да им подадеме рака сега, а тие тоа вечно ќе го паметат.

Гоце од Куманово има 46 години и за жал тежок живот сите поселдни децении. Од висока темепература уште како бебе завршил во болница од која нема да излезе повеќе од 13 години.

Ќе се испостави и дека има ндостиг на хормонот за раст и долго ќе се лечи на Клиниката за ендокринологоја, каде за жал ќе мора да го прекрати лекувањето и примањето на прескапите инекции од Германија поради финансиски причини.

Во училиште образованието го поминал со сожалување од наставниците, но, и со потсмев од учениците поради неговиот изглед несоодветен за возраста.

-Кога бев мал на три годишна возраст добив температура и завршив во болница. Подоцна, после тринаесет години ги напуштив болничките ходници. Докторите открија дека хормонот за раст не ми функционира и дека не растам.

Подоцна, и во Клиниката за Ендокринологија примав инекции за да дојдам барем малку до изгледот на моите врсници. На регрутација за во војска ме прашаа зошто сум дошол кога изгледам како мало дете.

Имав обиди и да работам, но, не ми функционира малиот мозок, лесно заборавам не паметам. А, тешка физичка работа не сум способен да работам. Така дојдв до ситуацијата да бидам социјален случај- ја започнува Гоце Јакимовски од Куманвоо својата животна сторија.

Откако ќе се помири со судбината и ќе ја прифати истата дека мора да живее како различен од другите, Гоце ја наоѓа својата втора половина, сопругата Снежана, со која седумнаесет години живеат во една мала соба во која ги извршуваат сите потреби.

А, бидејќи е физички ограничен не може да најде соодветна работа па, со сопругата принудени се да живеат со минимална социјална помош која некогаш не им стигнува ниту за леб.

А, толку сакаат да можат да ја поправат постоечката и собата која му ја дал внукот да ја наполнат со мебел и да се опуштат за првпат во животот.

-Откако се оженив не сум во добри односи. Живееме во иста куќа, ама посебно. За жал, јас половина од животот го поминав во една соба со сопругата во која се ни е на куп. Тука ни е и дневна и кујна, и спална и бања.

Немаме никаква комоција. До скоро живеевме и без вода. Одевме да полниме од чешмата во градот за да функцинираме и живееме.

Неодамна внукот ми даде уште една соба, па, бидејќи јас живеам со минимална социјална помош, си реков кога би можеле да ми помогнат хуманите граѓани да ја потсредам малку да се опуштиме со жената, би било многу добро-додава Гоце.

-Многу малку добиваме социјална помош. Никој не гарантира и дека ако се вработиме ќе не задржат, а вака ќе ја изгубиме помошта од државата. Меѓу два огна сме- вели Снежана, сопругата на Гоце, која вели и дека за да имаат за храна некогаш не купуваат дрва, па во зима се греат само во комшии, а, ако купат дрва тогаш остануваат гладни.

Не се седи ниту гладен, ниту без дрва. А, парите се тие што попрво, дали да купиме огрев, дали храна, дали да реновираме за да излеземе од овој тесен простор- додадава таа.

Доколку сакате да им помогнете на Гоце и Снежана да ја реновираат собата и да живеат посреќно, тоа можете да го направите на неговата трнсакциска сметка 210501667519095 и на неговиот телефонски број 078268529.