Балканката Ања шокирана од цените во Германија: Погледнете колку чинат цвеќињата, а дури овошјето – Ова е премногу скапо, еј
Ања, која е од Србија, а веќе извесно време живее во Германија, на социјалните мрежи редовно објавува како е да се живее во странство. Така и овој пат во неколку видеа ги објави цените на овошјето и цвеќињата, што ги шокираше нејзините следбеници.
-Ова е прескапо, 20 евра, стои во описот на видеото во кое таа покажа дека цената на цвеќињата во една продавница е дури 20 евра.
Коментарите под ова видео само продолжија да доаѓаат. Многумина и предложија да оди во друга продавница која е поевтина, а други коментираа дека овие цвеќиња се 5 пати поевтини во Србија. Поточно, не чинат повеќе од 400 динари.
Покрај тоа, таа објави и видео од јагоди од маркет во Германија и ја покажа нивната цена.
– Скапи јагоди, напиша таа заедно со ова видео на кое се гледаат јагодите и цената од осум евра за килограм.
-Во Србија е 500 динари, ајде, „Зошто дојде овде ако се жалиш“, „Во Србија е три евра, а има и 2,5, сега зависи каде“, коментираат луѓето под видеово.
– Тоа е цена за господа, а не за обични луѓе, сфатете го тоа, додаде друг корисник на социјалната мрежа Тикток.
Таа објави и видео од маркетот, со полица со јаболка.
– Јаболка 1,50 евра за килограм, 1,90 евра за пакување од два килограми. Имате и органски јаболка 1,2 килограми за 2,50 евра. Пакети од 8 или 6 парчиња се 1,20 евра, рече таа покажувајќи ги јаболката едно по едно.