Кога ќе ја видат Тамара качена на камионот за ѓубре сите остануваат подзинати: Види ја мачкава што прави
На социјалните мрежи кружи несекојдневна глетка од австриската престолнина која полуде многу луѓе ширум регионот, а многумина сакаат да знаат која е атрактивната русокоса во портокаловата униформа карактеристична за чистотата на градот.
Видеото на Инстаграм профилот „doktorzahumor“ предизвика низа реакции, а во коментарите многумина сакаа да дознаат која е оваа жена која има совршена руса коса, убава е и има тетоважи.
– Тие се како манекени. И тој е убав. Но, видете што прави мачката – коментира авторот на видеото кое стана вирално.
Како што може да се види на видеото, таа била зафатена со својата работа во друштво на колега и на шега го исфрлила ѓубрето од контејнерот.
Засега не се знае кога е направено видеото и дали навистина се работи за работник во градското комунално претпријатие или е само општо корисна работа како некаква казна.
Меѓутоа, еден странски портал, според Мондо, напишал дека се работи за Тамара С. и дека наводно има напис за неа наречен „Плавуша и паметна: Тамара – кралицата за собирање ѓубре во градот“.
По тој повод Тамара откри дека со години се грижи за чистотата во градот и дека тоа го смета за работа од соништата.
– Смените ги започнувам во шест часот наутро, а работниот дел од денот го завршувам во 14 часот – рече таа и додаде дека е свесна дека многу луѓе имаат предрасуди.
Како што објасни, тие постојано и го поставуваат истото прашање дали и е срам да работи ваква работа, но таа одлично им одговара:
– Секоја работа е за луѓе. Нема срам во тоа, се што се заработува чесно е за пофалба – кратко и јасно одговори.