Даниел од Скопје споделува каков е животот во Данска: Просечната плата дефинитивно не можете да ја потрошите
Дипломираниот адинистративен работник Даниел Трајковски е голем мераклија на камиони. Живее и работи во Данска како возач на шлепер во целиот регион на Данска со фиксно работно време до 12 до 12.
– Обично платите се движат околу 4.000 евра со пет рааботни дена. Еден просечен стан од 70 квадрати може да изнесува 1.500 евра.
Едно излегување во диско чини до 300 евра една пијачка на пример е од 7 до 10 евра. Едно такси мислам дека е 50тина евра до 7 – 8 километри. За да изнајмиш стан потребен е депозит некаде од 4.000 до 8.000 евра за 70 квадрати.
Претежно се дават депозит за да биде еден вид банкарска гаранција да не оштетите нешто. Ако тука плаќаме за регистрација 200 до 250 евра таму може да плаќаме некаде 1.000 евра. Меѓутоа едноставно тоа не го чувствувате доколку работите таму.
Просечната плата мислам дека 2.500, 3.000 евра. Таа плата е доволна за самостален поединец да живее нормален живот во Данска. Таа плата дефинитивно не можете да ја потрошите и да излегувате и да јадете и да пиете.
Стандардот е многу повисок од Германија или Шведска. На некои места работат и по 4 дена во неделата. И тоа е така затоа што единствено во Данска работникот е платен на час, не работите за фиксна плата како во Германија.
Трајковски вели дека има многу Македонци, но ретко кој сака да се дружи, повлечени се, не контактираат и не си помагаат. Девојките обично во диско ви доаѓаат сами, шират познанства разменуваат контакти и одговараат на пораки.
Совет, ако се решат да тргнат за странство да си земат повеќе парични средства. Не е така едноставно заминувањето во странство – треба сами да се финансиррате месец- два, вели Трајковски во Зевзекманија. Тој планира да работи уште некое време, а потоа да се врати во Макеоднија.