Селаните на Слупчане и вечерва не мируваат: Го оставиле и граничниот премин Табановце без струја
Селаните на Слупчане не мируваа и вечерва и дефинитивно може да се каже дека ги поминаа сите граници на толеранција и трпение.
Имено пред само пред неколку десетина минути повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин „Табановце”.
Од ЕВН ја потврдија информацијата и додадоа дека снабдувањето на граничниот премин е нормализирано.
Претходно, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.
Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект, потврдија од ЕВН Македонија.