Миа Костова: Веќе не сте злобни и себични, вие сте умноболни
Миа Костова важи за една од најпознатите наши инфлуенсерки, а некогаш со успех работеше и како ТВ водителки.Таа долги години беше заштитно лице на Тв емисијата „Бекстејџ“.
Костова важи за човек без влакна на јазикот и секогаш го искажува своето искрено мислење без разлика дали тоа му се допаѓа некому или не.
Па така беше и овојпат кога на својот фејсбук профил сподели статус во кој што вели:
Андрија од септември ќе биде 6то. Без книги. Одделение од кое на дете треба да му се направи сериозна навика за учење и совладување на материјал тековно од ден во ден.
Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа. Дали има некој со здрав разум воопшто кој ќе одговара за овие деца кои за 6 години во образование немаат никаква престава за тоа што е всушност школо? Вие веќе не сте злобни и себични. Вие сте умноболни.