Уште еден познат наш пејач најави иселување од Македонија
Панчо и Андреј го сочинуваат најпознатото музичко дуо во Македонија, ДНК кое со успех постои 20 години, полни клубови се нивно секојдневие.
Со нивните хи тови израснаа многу генерации, а и денес нивните творби се на врвовите на сите листи и се квалитетен продукт.
Македонското ар ен би дуо „ДНК“ одбележува 20 години од своето постоење. Јубилејот ќе го прослават со концертна турнеја низ Македонија, а завршниот концерт ќе биде на 3 декември во салата ,,Борис Трајковски”
Пред својот голем концерт ова дуо беа гости во емисијата ,,Еден на Еден” со Жаре, каде проговорија за нивните идни планови.
Проговорија за концертот, за потенцијалното враќање на Раде Врчаковски Врчак на сцената, а напоменаа дека можеби ова ќе биде последен концерт на ДНК.
– Се надеваме дека Врчак ќе дојде на нашиот концерт, во преговори сме, но се уште не можеме да потврдиме, бидејќи тој веќе подолго време е надвор од јавноста.
– Последен пат се видовме на една свадба, тој работи за американски пазар и работи нешто поврзано со електронска музика но не сакам многу да откривам, вели Панчо за Врчак.
– Песната ,,Ако утре ме нема” се случи спонтано, се собравме така повеќето ,,фаци” во нашето опшество. Имавме една добра гозба.
– За прв пат пробав свинско печење а тоа да ти било многу вкусно, пиев и вино за прв пат иако не пијам алкохол, вели Панчо.
– Целата софра не чиниеше повеќе од колку самиот спот, на крајот на сметката пишуваше дека е испиено 86 литри пиво, додавааат од ДНК.
– Големи се шансите еден од нас двајца да се отсели од Македонија и ова може да биде последен концерт на ДНК, секако дека ДНК нема да згасне никогаш, вели Панчо.