(ФОТО) Ирена Спасовска си најде кој да ја згрее во Италија, а искрено кажа дали има пари во Македонија
Македонија со сигурност може да се пофали со плеада на фолкери познати како кај нас така и во странство. Една од нив е Ирена Спасовска.
Иренче, поточно македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.
На македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.
Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.
– На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлина некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.
Несомнено е дека Спасовска навистина добро изгледа за нејзините години бидејќи посветува внимание на себе.
Ирена минатиот викенд имаше настап во Италија, па слободното време пред и по настапот го искористи максимално да ужива и да се прошета во Трентино, Мадона Ди Кампиљо и Рива дел Гарда.
Оттаму, Иренче сподели слика со крзнено пријателче за кое напиша: Другарчето ме стопли. На објавата веднаш и пристигна коментар: А тие парите те стоплија ли? Биди искрена.
„Парите се неопходни средства за живот и нормално дека носат сигурност. Топлината е во малите нешта кои носат радост и среќа и го прават животот вреден да се живее.
„Многу филозофираш, тоа поедноставно се вели, волим паре! А, ко их не воли, а пара нема! (нема во Македонија)!
„Да, за да сватиш ама ти пак ништо не разбра..и во Мк има пари,можеби помалку но кој не кука а работи има. Пари на дрво не растат!“, возврати Иренче.