Во Виница татко ќе натепла наставник на неговиот син зошто му го одзел мобилниот телефон за време на час
Се почесто можеме да прочитаме за нетрпеливост на релација наставник – учевник – родител. Учебната година трае веќе месец дена, а бележиме неколку немили настани.
Пред извесен период родител пријави дека неговото дете наводно било нападната од наставник во Берово, а сега од истокот на државата ни доаѓа уште еден немил настан.
Овојпат истиот е од Виница, а за него пренесува регионалната телевијза ТВ Стар
Татко ќе го натепал наставник на неговиот малолетен син оти му го одзел мобилниот телефон кој го користел за време на училишниот час.
Таткото на 48 годишна возраст бил повикан на службен разговор во полицијата на кој по комплетирањето на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава за агресивно однесувањее
Настанот се случил во 13:15 часот кога таткото од с. Кршла агресивно се однесува кон наставникот, пренесува СВР Штип.