Плата од 3.000 евра и работа од дома, за сите има работа, но не се интересираат
Добрата плата, креативната работа и можноста за постојано напредување се само дел од факторите поради кои во регионов од година во година расте бројот на вработени во ИТ секторот.
Програмеите од регионот се препознаени и барани ширум светот како исклучителни кадри, па затоа не треба да чуди што сè повеќе млади луѓе се свртуваат кон оваа оку пација на модерната ера.
Она што се покажа како непишано правило, колку и да ги има, луѓето со вакво образование ќе најдат добра работа бидејќи понудата и побарувачката расте во ИТ секторот.
– Кариерата во ИТ се повеќе се проширува, па затоа голем број млади луѓе се одлучуваат за ваков вид дејност. Професијата е исклучително разновидна.
– Бидејќи можете да се специјализирате во различни области, како што се развој на софтвер, администратори на сервери, мрежна архитектура и многу други.
– Компаниите од сите големини, од стартапи до големи корпорации, сега бараат талентирани програмери кои ќе им помогнат да растат.
– Практично секоја индустрија има потреба од одреден тип на софтвер и луѓе кои можат да го креираат според нивните спецификации.
– Како што се зголемува трендот на дигитализација, потребата од програмери ќе расте уште повеќе – изјави за РИНА Марина Поповиќ, директорка на академијата која обучува нови ИТ експерти.
Доколку сакате да влезете во светот на програмирањето, важно е да истраете во учењето и да бидете подготвени за многу кодирање и одговорност, дисциплина и вежбање.
Но од друга страна се отвора сосема нов свет полн со различни можности и предизвици, се зависи од вас. Има бројни примери на успешни млади луѓе кои за многу кратко време, благодарение на оваа работа, го промениле својот живот на подобро.
– Според најновото истражување на ,, хеловорлд”, откриено е дека платите во ИТ индустријата продолжиле да растат, и дека сега просечната плата е дури 1600 евра, додека 10% од кандидатите заработуваат повеќе од 3000 евра, што е 5 пати повеќе од просечната плата кај нас.
– Откако ќе станете програмер, на располагање ви се различни опции за кариера. На пример, можете да одлучите да работите како хонорарец или во поголема компанија.
– Оваа опција ви овозможува да изберете работна средина и начин на живот што одговара на вашите барања. Исто така, уште еден важен пример е можноста за работа од дома, што им е се поважно на кандидатите – рече Поповиќ.