Сузана е албанска снаа во пробиштипско: Одам и во џамија и во црква – во Македонија си ја најдов среќата
Таа е Сузана Младенова некогаш Бица, снаа во Пишица дојде пред 8 години и го осветли домот и животот на Панче Младенов.
Панче неа ја најде во близина на албанскиот град Елбасан само кратко одкако почина татко му и тој остана сам. Претходно во само неколку години низ незапамтени трагедии тој загуби тројца браќа, снаа, а на крајот и родителите.
Како Панче дозна и ја пронајде Сузана ? Како беше првата средба, како се чувствуваше и што очекуваше ?
Првата средба била стресна за Сузана која Панче ја нашол во нејзиниот фризерски салон во Елбасан.
Набргу потоа таа доаѓа во Пишица и за кратко време сваќаат дека се еден за друг. Тој зборувал македонски, таа албански, тој првославен христијан таа муслиманка, но проблеми немало.
Од тој момент Сузана ја превзема куќата во свои раце и прави чуда во домот на Панче.
Со огромно разбирање и почит тие веќе 8 години се во брак. Тој сега зборува албански, а таа македонски. Живеат како едно и се со силна надеж дека наскоро ќе бидат повеќе од двајца. Таа си останала муслиманка но оди и во џамија и во црква.
Освен дома Сузана работи и како професионален фризер во Штип што практично значи дека време нема за ништо. Но, вели дека ништо не и е тешко и дека Пишица и Македонија ги засакала.
Плановите за во иднина и се да си отвори свој фризерски салон, како и да се оствари во улога на мајка.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Стар.