Отец Оливер со донации за деветчленото семејство кое живее во 27 квадрати: Жална моја Македонијо

Отец Оливер Петровски од Хуманитарната организација Свети Спас се огласи:

Денес ги однесовме донациите кои овие два дена ги дониравте за деветчленото семејство… Благодарение на вас успеавме да измамиме насмевка на седум дечиња кои беа пресреќни затоа што добија многу облека и обувки кои веднаш ги облекоа, душеци на кои ќе можат да спијат, шпорет на дрва за да се греат во зимскиве денови, електричен шпорет за да готват…

Жална моја Македонијо, овие деца се радуваат за ситниците кои нам не ни требаат, а тие во нив гледаат вистинско богатство!!! Овие седум дечиња живеат, јадат, пијат и спијат во 27 квадрати… Овие седум дечиња се бањаат во корито кое е старо колку што е најстарата од нив… И не пребираат што ќе јадат… Радосни се ако имаат што да јадат!
Да ја зголемиме нивната радост со уште неколку работи кои им се потребни:

Фрижидер НАЈДЕН Дрва за огрев
Храна

Доколку можеме заеднички да собереме сили и да им изградиме барем уште триесетина квадрати, би било одлично, но сепак за еден таков проект ќе мора вистински да се вклучиме сите …

Нашата хуманитарна организација ќе се обиде да ги вработи родителите за и тие да можат да им пружат сѐ она што им е потребно на сите деца, па и на нив…

Дали ќе успееме вистински да помогнеме на ова семејство со седум дечиња зависи од сите нас, па затоа ве прашувам:Дали можеме заеднички да собереме доволно средства и градежен материјал да усреќиме уште едно семејство?

Благодарност до Сања Кузмановска и учениците при ООУ Марко Цепенков- Зелениково кои земаа активно учество и во оваа акција, а дел од нив беа со нас и при достават на донациите.Бог да ве благослови!!!