Познатио македонски кошаркар побегна од Иран: Сведочи низ што се поминал
Ситацијата во Иран во последно време ни е добро позната на сите, а истата се прелева на сите свери во живот, вклучувајки и спортот.
Бевме сведоци на воведниот натпревар на Иран на Мундијалот во Катар кога нивните фудбалери во знак на она што се случуваше не ја испеаа химната.
Во оваа држава живеат и помал број Македонци, а мешу нив беше нашиот познат кошаркар, член на легендарната генерација на македонската репрезентација од 2011 година Марко Симоновски кој до неодамна беше член на иранскиот прволигаш Нобог Арак.
Искусниот шутер беше член на оваа екипа од крајот на септември, но си замина минатата недела поради тешката политичка и безбедносна состојба во Иран.
Последните месеци во оваа азиска држава не е нималку пријатана, има бројот на жр твите е се поголем од ден на ден и станува се поверојатно дека и кошаркарското првенство ќе биде прекинато.
„Одлучив да го раскинам договорот со Нобог Арак на своја штета затоа што ситуацијата беше неиздржлива. Во Иран се води во јна, а во такви услови воопшто не е лесно да се игра и да се мисли на кошарка.
Вестите што секојдневно ги добивавме правеа психоза во тимот, на периоди ни беше забранет излез од местата каде што престојувавме, само не земаа и не враќаа од тренинзи, а во текот на денот се слушаа дет онации кои дополнително ни создаваа нервоза и страв.
Речиси една недела сум во Скопје, се уште немам план каде ќе ја продолжам кариерата, но по она што го доживеав и ми требаше малку одмор, пред се на психички план“, изјави Симоновски за специјализраниот кошаркарски сајт кош.мк