(ВИДЕО) Сите зборуваат за професорот од Македонија во „Никогаш не е доцна“: На сцена излезе со пастрамајлија, ајвар и ракија
Витко Славевски од Македонија ја воодушеви публиката и стручното жири во новогодишното шоу „Никогаш не е доцна“.
Овој професор по македонски јазик се опишува себеси како вљубеник во музиката.
-Пеев до петнаесет години, имав свој бенд, но не завршив музичка академија, туку Филолошки факултет, мојата професија е професор по македонски јазик. Напишав книга која треба да се објави, а тоа е романот „Пикантери за еден бенд“ кој раскажува за сето она што го доживеавме сите овие години – вели натпреварувачот во својот профил.
Тој на сцената се појави во друштво на својот брат близнак и пријателите, а овој тим од Македонија подготви специјален подарок за Жика Јакшиќ.
Пастрмајлија како специјалитет пристигна од Пробиштип, заедно со неа го донесоа и познатиот ајвар, а по добрата храна ќе наздрават со ракија која пристигнала исто така од Македонија.
Во специјалното празнично шоу Витко се претстави со народната песна „Лихнида кајче веслаше“. Сите во студиото беа воодушевени а Жика бил особено импресиониран од специјалитетот, па по разговорот со жирито додал.
– Победи пастрамајлијата, слободно можеш да се забавувате со Лихнид, а јас ќе ја јадам пастрамајлијата – рече Жика.
Витко по настапот ги освои сите симпатии на жирито, па позитивните коментари на стручното жири постојано доаѓаа.