Бобан Авалон: Kога Македонија ги издржа Касандра и Ранду, може овој народ уште многу да издржи
Од октомври 1997-мата година кога почна да се емитува Касандра се поминати 24 години, но поголемиот дел од нас сè уште ја паметат еуфоријата предизвикана од првата латино-американска сапуница што ја освои како македонската така и балканската и светската публика.
Секоја вечер, точно во 20.00 часот по вториот Дневник на МТВ 1, македонската публика имаше можност да ја следи тажната приказна за Касандра, девојката што била родена во богато семејство, но пораснала во Циркуз.
Секоја вечер од понеделник до петок во период од еден час, никој не излегуваше од дома, а ги следевме доживувањата на Касандра со Ранду, Луи Давид, Игнасио, Доринда пред ТВ екраните
Касандра имаше огромно влијание врз нашите животи. Купувавме тетратки со нејзиниот лик, сликички, пластичен накит како нашата омилена личност.
Кулминацијата на целиот овој проект беше периодот кога Кораима Торез, актерката што само на 18 години го овековечи ликот на Касандра и нејзиниот колега Хенри Сото, односно Ранду, ја посетија Македонија.
Народот во толпи се собра на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а следниот ден и на пристаништето во Охрид за одблиску да ја види хероината што ги освои нашите срца.
Првиот човек на продукцијата Авалон, Бобан Милошески на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од настанот во Охрид и напиша:
Реално кога Македонија ги издржа Касандра и Ранду по улиц, плоштади, стадиони, може овој народ уште многу да издржи: