Македонски фудбалер во Катар за време на Мундијалот на еден од стадионите ќе работи како бармен
Фудбалската селекција на Макаденија нема да ја гледаме на СП во Катар кое започнува за десет дена иако беше како никогаш поблиску до пласман на еден Мундијал.
За потсетување откако избори бараж пресметка во првиот меч ја елеминира големата Италија, за да во вториот немаше сили против Португалија.
Македонската фудбалска репрезентација не се пласира на Свтското во Катар, но таму ќе има Македонци, како дел од тој настан. Еден од нив е 26-годишниот Марјан Митрески.
Тој е „дете“ на прилепска Победа, во која настапуваше за младинските категории, како и за сениорскиот состав до 2016 година. Потоа играше и за Преспа како и за Напредок Крушеани. Во последните неколку години се посвети на работата како бармен.
Затоа ја прифатил понудата сега во Катар да заработува како бармен и тоа во бар сместен на новиот стадион „Ал Тумама“ во Доха, каде ќе се играат мечеви од Светското првенство.
– Заминувам утре заедно со колеги Хрвати, преку кои обезбедив ангажман таму, бидејќи во Хрватска претходно работев со нив. На стадионот во Доха сум до 14 декември, што значи се враќам четири дена пред финалето.
Покрај напорната работа со многу гости, како поранешен фудбалер би сакал да видам што повеќе од натпреварите на стадионот, доколку имам време – рече Митрески за локалниот сајт Шампион.мк
Стадионот „Ал Тумама“ во облик на капа од тамошната традиција, е еден од осумте во Катар. Собира 40 илјади гледачи. Таму се осум натпревари, меѓу 21 ноември и 10 декември: Сенегал – Холандија, Шпанија – Костарика, Катар – Сенегал, Белгија – Мароко, Иран – Сад, Канада – Мароко, еден 16-финален и еден четвртфинален.