(ВИДЕО) Димитар Ковачевски за првпат ги отвори вратите на својот дом, го покажа семејството
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, предмалку се обрати до јавноста во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници.
Тој воедни ги отвори вратите на својот дом за прв пат и го покажа своето семејство, сопругата, ќерката и синот, и се обрати до јавноста.
– Драги мои сограѓани, заедно поминавме многу тешка година. Се справувавме со последиците од пандемијата, од економската и енергетска кри за.
– Во исто време моравме да носиме тешки одлуки за нашата европска иднина. Тоа за мене лично беше најголемиот предизвик во мојот живот.
– Можеби и најтешкиот, затоа што знаев дека сум одговорен за мојот народ, за секој еден граѓанин, за вашата, за нашата иднина.
– Оваа зима се погриживме сите македонски домови да се топли исто како и овој. А тука сме и да се погрижиме да има доволно храна на сечија празнична трпеза.
– И можам да кажам дека наредната сигурно ќе биде подобра. Платите и пензиите ќе продолжат да растат. Завршени се големи проекти важни за државата.
– Продолжуваме и понатаму со нови инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите. Затоа што никого не оставам сам. Никој никогаш нема да биде оставен сам.
– И целото мое знаење и искуство ќе го искористам за да се подобри вашиот животен стандард, за наредната годиан да биде подобра.
– За нашите деца да имаат европска иднина, во тој ду х јас и моето семејство сакаме на сите да ви ги честитаме Новогодишните и Божиќни празници.
– Да ви посакаме радост, добро здравје и спокој. Да се радуваме сите на малите, секојдневни моменти и да ги споделуваме со најблиските.
– Сакам да искажам посебна благодарност до сите граѓани кои во овие празнични денови неуморно и посветено работат за нашето здравје, мир и безбедност.
– Среќна Нова Година и среќен Божиќ. Да сте живи и здрави, стои во објавата на Фејсбук на премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.