Вртоглава сума пари – еве колкава цифра ќе плати Бајрам на Цеца и Теа Таировиќ
Како што е познато на 18-ти јануари ќе се одржи 44-то по ред издание на Ромскиот бал, кое ќе се одржи во хотелот Александар Палас, под покровителство на Сојузот на Ромите.
За овој настан, Габриел Бајрам, лидерот на Сојузот на Ромите инаку син на Амди Бајрам ги носи популарните турбо фолк пејачки Цеца Ражанатовиќ и Теа Таировиќ во Скопје како и Џогани и Сара Рељиќ.
Српските медиуми во текот на вчерашниот ден ја пренесоа веста и притоа ги открија сумите кои ќе ги добијат нивните пејачи.
На прво место е Цеца која ќе инкасира неверојатни 50.000 евра, а потао е Теа Таировиќ со 20.000 евра, па Џогани со 10.000 и Сара Релиќ со 5.0000 евра пренесува српски Курир.
Инаку како што се навеудва картата за настанот е 3000 денари или 50 евра, а покрај богатата трпеза и музика, сигурно е дека музичарите ќе се опарат и со богат бакшиш без коиј не може да помине прослава од овој тип.