Горица од Скопје очајна зашто нема ни за леб: Останавме без струја, а мораме и станот да го напуштиме
Горица Јанковска потекнува од село Латово, Макeдонски Брод. Иако, го остава семејството и се одлучува животот да го помине со Томе во Скопје, сепак вели таа, никогаш нема да ја почувствува сигурноста на топлиот дом, на сопствен дом и дури и сега на 80 години вели таа, осудена е да живее под кирија и без струја.
Да имала барем некој свој, близок би и било полесно. Згора на се, таа е и многу болна. Живеат со инвалидската пензија да дедо Томе која не е доволна само за нивните лекарства.
Секој ден принудена е да јаде само овошје затоа што нема каде да зготви без струја, нема како да испере, а, стара е веќе ќе каже таа да пере на раце.
Пред камерите на Срце на дланка го замолува хуманиот народ да и помогне макар со една соба некаде, да можат да ја доживеат староста и храна зашто одамна веќе и го заборавиле вкусот.
– Не ми студи, од што ми се нервира, душата ми е нервозна срцево ме боли. И една град ами е оперирана. Не знам што да ви кажам друго. Ако можете на некој начин да ни помогнете да се снајдиме, дур да ум риме веќе, ова не се издржува, низ солзи раскажува.
Да може да го врати времето би направила сосема други избори. Но, за жал пред повеќе од четири децении таа од Латово доаѓа во Скопје за Томе и сиот живот живеат под кирија.
Работеле и двајцата, но, со минимални примања не успеале да купат свој дом. Од срам што ќе каже светот, никогаш нема да е врати кај нејзините, но затоа врз себе калеми многу болести, останува без една града, а, никогаш нема да добие деца кои би ја чувале денес во староста.
-Пред многу години се запознав со сопругот и се преселив во Скопје. Сиот живот го поминав под кирии. Од едно место на друго, не беше лесно. Имаше ситуации кога и двајцата останувавме без работа.
А, за жал Господ не ми даде да бидам мајка, па, можеби денес некој ќе се грижеше за нас- раскажува баба Горица.
Сиот живот под кирија, пред многу години Томе, сопругот на баба Горица, наоѓа решение и се вселуваат под кирија во стан во населбата Ѓорче Петров.
Секогаш навремено платени сметки и кирии кои за жал сега кога веќе се и двајцата 80-годишни не можат да си дозволат зашто пензијата им стигнува само за лекови.
Горица е болна сериозно. Ништо подобар не е ниту дедо Томе, но за жал од зимава живеат без струја и секој ден под стрес зашто мораат да го напуштат станот.
Немаат каде да одат, а немаат ниту како леб да купат. За жал, пензијата ја чуваат само за лекови и за на лекат. Живеат на свеќи и секојдневно се гушат во солзи.
-Живеевме долги години под кирија кај едни газди и го оженија синот и моравме да се доселиме тука. Ова е социјален стан на некоја баба која пред да умре го оставила на некој човек што ја погребал. Плаќавме кирија додека можевме.
Сега веќе со минималните средства ниту можеме да плаќаме, па, останавме и без струја, а, мораме и да го напуштиме станот. Каде ќе одиме стари, болни и беспомошни, згора на тоа и без пари?! –се прашува баба Горица.
Да е убава староста, можеби сите ќе ја сакаме! За жал, овие сопружници немаат ниту наследници, ниту ништо за да имаат кому да се пожалат и потпрат. Затоа го одбраа хуманиот народ да побараат додека се живи да имаат каде да се вдомат и да имаат сигурен оброк.
Доколку сакате да помогнете на семејството на баба Горица тоа можете да го направите на нејзината лична трансакциска сметка на Комерцијална банка А.Д Скопје 300007031160 175 или на нејзиниот мобилен телефон 078203304