Груевски: Вреди да знаете како ве крадат преку набавките за лекови
Некогашниот премиер Никола Груевски вечерва на својот фејсбук профил објави нов пост во кој вели:
Криминалот тежок над 100 милиони евра само од 2017 година наваму, во набавките на лекови од страна на државата, а во конструкција на некои моќни политичари под превезот на наводен осигуран квалитет, а преку создавање монопол во набавките каде само на еден трговец му се дава право да понуди од тој лек преку законското попречување на т.н. паралелен увоз е неспорен, видлив и многу лесно докажлив.
Со вокабуларот на нивните обвинители кога ги прогонуваат нивните политички конкуренти “парламентот е доведен во заблуда” и гласал закон од кој поединци многу нечесно профитираа. Тоа е закон кој ќе мора да се укине во тој дел кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Само треба Македонија да добие ослободено обвинителство и судство и работите да си добијат свој тек.
За ова објавив текст на 16 август. Вчера повторно беше тема во комисијата во парламентот на која поранешниот министер за здравство одговарајќи на прашања на пратениците со повеќе детали го опиша она за што пишував.
Прочитајте. Вреди да знаете како од 2017 година ве крадат преку набавките на лекови. И запомнете: давање на приватен трговец монопол, односно единствено право само од него државата да може да купи некој лек по цена кој тој самиот ќе ја одреди колку сака, не се прави случајно и без огромен интерес на политичарите кои го протуркале тој закон веднаш по промената на власта во 2017 година. И уште тоа го правеа со лаги и пропаганда дека исправам е голема неправда од нас.
И не се чудете зошто во времето кога бев на чело на владата имаше пари и за опрема и апарати во здравството, и за градба и реконструкција на болници и клиники, и за обуки во најнапредните клиники на светот на илјадници лекари и друг медицински персонал, и за проекти и реформи и за намалување на цените на лековите во аптеките, а сега нема ништо од тоа.
И не се чудете што Македонија од 62. место уште во првите 3-4 години по доаѓањето на власта која не населди отиде до 111. место на листата на Transparency International. Додека ве занимаваа со колата која МВР ја набавило, луѓето работеле на големо. Ама не за народот.