Д-р. Ненад: Пред сериозен ризик сме да има поголемо ширење бидејќи се работи за исклучително заразна болест
Познатиот македонски доктор Ненад Лазаров се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:
Вакцините за пертусис не штитат толку долго колку што би сакале ние, постои потреба од обновување на 10тина години.Пред сериозен ризик сме да има поголемо ширење бидејќи се работи за исклучително заразна болест.
Сите референтни институции препорачуваат трудниците да се вакцинираат помеѓу 27 и 34 со цел да му овозможат имунитет на новороденото од првиот здив.
Пертусис е пресериозна болест за новородено, доколку заболат, 9 од 10 бебиња до 3 месеци ќе бидат хоспитализирани на минимум една недела, а кашлицата трае со месеци, тоа не е обична кашлица, како тоа драматично изгледа и звучи сами гуглајте ако сакате да видите зошто се вика магарешка.Има начин и безбеден е.