Д-р Нико до колегите од Онкологија: Толку ми се згадивте што посакувам да ве плукнам во лице

Македонската јавност деновиве го бранува случајот Онкологија. Поточно скандалот кој изби по пишување на медиумите, а во целата ситуација се вклучи и МВР.

Страстите на социјалните мрежи не мируваат и денес, а по објавување на се повеќе вести, јавноста останува згрозена.

Докторот Нико Беќаровски од Токсикологија се огласи на својот фејсбук профил каде порача:

Да се “тргува” со последната надеж на онколошки болен е монструозен чин кој не би излегол дури ни од “лабораторијата” на Д-р. Јозеф МЕНГЕЛЕ.

ИЗВИНЕТЕ, АМА ТОЛКУ МИ СЕ ЗГАДИВТЕ, ШТО ПОСАКУВАМ СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ ДА ВЕ ПЛУКНАМ ВО ЛИЦЕ.