Диџеј Панчо по апелот за 22-годишниот Петар: До кога бе ќе собираме средства заради туѓи грешки
Секојдневно на социјалните мрежи читаме за апели за помош на граѓани со дијагноза, а особено чести се и собирањата пари за деца кои треба да примаат терапија или да се оперираат но немаат доволно средства.
Меѓу нив е и една мајка која објави апел за својот 22 годишен син Петар кој е со ретка дијагноза, а за нејзината објава македонскиот диџеј Панчо од ДНК напиша:
До кога бе ќе собираме средства заради туѓи грешки? До кога ќе си играте КУРОТ (извинете на израз) со сите нас? До кога ќе поставувате криминалци, партиски и некомпетентни кловнови на функции кои немаат осмо одделение завршено?
До кога со корумпирано судство? До кога ќе си поигрувате КУРОТ (пак извинете на израз) со пензионерите и ги оставате да живеат како бедници, а треба токму годините во пензија да ги поминат достојно, богами и најубаво бидејќи работеле цел свој живот?
Додека вие си ги покачувате НЕОСНОВАНО платите во влада, они треба да чекаат од своите деца? Абе КЛОВНОВИ сте невидени!!!
НИШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ама баш НИШТО и знам дека токму КУРОТ ве заболе што го немате, да сте го имале ќе сте превземале нешто и ќе сте биле МУДОЊИ. Викаат кај ќе ви идат душите? Вие немате души, бездушни сте, не сте луѓе!!