Колегите и пријателите се простуваат – се упокои една од најплодните македонски режисерки
По краткото боледување на 71 годишна возраст не напушти познатата македонска режисерка Виолета Џолева.
Џолева дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974 година, а била член и на Радиодрама, режисерка во РТВ Скопје, како и во Камерниот театар во Сараево, по што од 1992 до 1994 година работи како слободна уметничка, а од 1994 беше драматург и режисерка на МРТ.
Виолета Џолева е една од најплодните македонски режисерки. Во Драмски тетар Скопје Џолева режираше повеќе претстави, меѓу кои и „Хенрих IV“ (1974), „Дамите од Аламо“ (1990), „Убиј ме душичке“ (1997) и „Чест“ (1998), „Партија реми“ (2018) и „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова во Театарот за деца и младинци.
Веста за нејзиното упокојување ја споделија и нејзини колеги и пријатели како Драган Спасов Дац кој на својот профил едноставнно напиша Збогум Виолета Џолева, а нејзината колешка од Драмски театар сподели:
Драга моја Виолета Џолева Кога вчера те барав на телефон ниту претпоставував дека во тоа време се бореше за живот.Многу сум тажна за твоето заминување.Мојот живот беше испреплетен со твојот за многу нешта, од твојата дипломска режија на претставата ” Хенри Четврти” во која играв, преку “Дамите од Аламо” до мојата последна престава ” Чест” од В.Илјовски што ти ја режираше.
Беше личност со неверојатна енерегија, креативност, ведрина и духовитост.Патувај во веќноста мила моја другарке.Сочуство до Невена Јасен и другите во твојата прекрасна фамилија.