Малиот 16 годишне Никола од виничко и братму Кире останеле сираци: Сакам кров над главата, да може куќата да си ја средам

Неговите мајка и татко поч инале, но создале живот на момче кое допрва треба да го види животот. Младиот Никола Ефтимов од село Градец има само 16 години, а, од своја шестгодишна возраст поради бол ест ја губи мајка си.

На неа за жал многу и не се сеќава, па, сите животни мудрости до лани ги учи од татка си. Пасење стока на планина, садење, работење, љубов кон животните, начин на преживување.

Сето тоа се работи кои во наследство му ги остава несреќниот татко на ова момче, кој пред да поч ине ќе му каже и дека мора да се грижи за својот брат Кире, бидејќи иако е постар сепак е дете со посебни потреби.

Тежок живот ко планина, ист како патот кон планините што заедно го искачуваа, од смр тта на татка си веќе две години живее ова момче. За среќа неизмерната љубов на неговиот чичко Миле нема да дозволи животот на Никола и Кире да продолжи во дом.

Иако, сам без сопруга, чува и друг бол ен брат и син, сепак отстапил два кревета за своите внуци подготвен да го продолжи воспитниот пат онаму каде неговиот брат мораше да застане. И, нема да биде вистина ако Никола каже дека и во куќата на чичко му се чувствува како дома.

Тој се уште домот каде му паднало папочето го смета за свој дом. И во најстудените денови оди и седи во студените ѕидови потсетувајќи и фантазирајќи дека некогаш тука пак ќе го продолжи животот.

Не е свесен како ќе се поправи таа куќа, но, знае дека еден ден мора да се врати во неа, со завет кон аманетот од татка си да се грижи за себе најдобро што знае исто колку и за неговиот брат Кире. Пред камерите на Срце на дланка ја раскажа својата приказна.

– Останав и без татко и без мајка и сега сме кај чичко ми. И не можеме тука да седиме долго време. Кога ќе пораснеме треба да си одиме во куќата, вели Никола.

Совеста не ми даде да ги оставам да одат во дом. Состојбата ја гледате. Со една плата малку е. Некогаш може и леб да немаме да купиме. Петчлено семејство сме. Се е на мој терет. Од никого немам помош, објаснува чичкото.

Никола од многу мал останал сираче. Најпрво без мајка, а, последниве месеци и без татко. За да не заминат со братот Кире во дом за деца без родители бараат спас во закрилата на домот на својот чичко Миле.

Кој и да не му ветел на својот брат кој бил на смр тна постела дека ќе се грижи за внуците, сепак, во секој момент ќе бил подготвен својот залак да го дели со Никола и Кире.Сите животни лекции ова младо момче ги учи од неговиот чичко. Тој е подоготвен дури и да се задолжи само на неговите внуци да не им фали ништо.

И, иако, низ овој тежок период на растење со братучедот Никола живее како роден брат, тој свесен е и дека многу наскоро братучедот може да се ожени и ќе дојде денот кога тј и брат му Кире мораат да ја напуштат куќата на чичко им и да е вратат во својот дом кој во моментов е студен, без кров и нефункционален за живот.

– Братот кажа пред да изг асне – на тебе ги оставам децата. Многу е тежок мојот живот. Ама нема, чичко сум се нафатив и ќе терам. Колку можам толку, не тражат со зор од мене. Што јадам јас тоа и тие, ама повеќе за нив гледам.

Не можеме ни сметки да платиме. Ќе ми ја исклучат додека дојде плата да ги платам. Многу е тешко да бидеш самохран на петчлено семејство, сега па и овој бо лен.

Никој неќеше, ни општина, да праша чекај на овој човек, ги прифати тие две деца, дали му треба помош или не..никој не дошол да ме праша. Нема ни осум месеци како почнаа да им даваат пари преку социјалното, додава чичкото Миле.

– Јас ќе завршам уште две години и после ќе се вработам, ќе си печалам, ќе помагам на брат ми, на чичко ми.


Сигурна сум дека ова момче да не беше толку храбро пред камерата ќе прснеше во плач кој би траел со часови. Зашто и покрај се, неговиот живот е еден тежок миг во кој никој не може да му помогне и да го сфати.

Свесен е дека со родителите може да биде заедно само во сонот, а, и сигурно во некој сон таму ќе им раскаже дека го исполнил нивните очекувања. Ја поправил куќата и се грижи за Кире.

– Таа е распадната, од сите страни теќе. Треба најпрво кровот да и се смени, а за тоа другото оклку може ќе се крпи. Јас немам финансии да сменам кров. Тие се надеваат на таму сами си велат дека не можат вечно да живеат со нас. Бараме помош од држава од организации, вели Миле.

Гледајте во небото што почесто. Тоа не смирува. Ни го оплеменува животот. Можеби нема да ни ги реши проблемите, но ќе ни даде чувство дека не сме сами. И, дека она што сега го минуваме пред нас го минале илјадници други луѓе.

Ќе го минат и илјадници години после нас. Зашто ниту еден проблем и ниту една болка не е вечна. Еднаш мора да заврши. Исто како и ѕвездите во небото. Нема да бидат на истото место како ни луѓето што го исполнувале нашиот живот, но, сепак не чуваат ода таму горе.

Доколку сакате да му помогнете на Никола Ефтимов и неговото семејство тоа може да го направите на телефонскиот број Миле 076581776 или на трансакциската сметка.

Доколку саката целата емисија со видео прилог може да ја проследите тука.