Миле од својата куќа направил библиотека, запишал факлутет на 18 а завршил на 55 години

Дела за филозофија, теологија, право, медицина, економија, спорт, раскази, песни, романи, домашни и странски писатели, буквално, нема област или книга што не постои во приватната збирка на Миле Пантиќ.

Неодамна пензиониран, овој 68-годишник отсекогаш имал необично хоби за денешното време да собира и купува книги, но тоа не е се.

Тој е велемајстор во шањ и еден од најдобрите не само во градот туку и во државата ,а јога вежба веќе четири децении.

– Времето нè натера да созреваме со текот на годините се повеќе и повеќе, а со тоа стекнувавме нови искуства и знаења.

– За мене книгата е сè уште нешто што ниедна напредна технологија никогаш нема да го замени. Секоја книга е во лшебна кутија која треба да ја пронајдеме.

Заедно со книгите, шахот е моја голема љубов од мојата петнаесетта година. Јас сум дел од шаховскиот клуб Топличанин, имам освоено безброј медали и благодарници на различни натпревари.

Панта е и еден од најстарите ученици во Прокупље. Тој се сеќава дека тоа било желба на неговиот татко, кој сакал неговиот син да биде машински инженер.

Активно учев до 24 години, дотогаш имав завршено три години факултет. После тоа правев други работи, ми се допаднаа патувањата, луѓето, одев на планинарење, а за да заработам почнав да продавам книги.

Кога наполнив педесет години, дојдов на идеја да го завршам факултет и по две години решив да се вратам на факултет и да дипломирам машински инженер, што конечно го завршив на 55 години – нагласува Миле.

Порано вежбав два пати на ден, а денес вежбам еднаш и тоа околу 40 минути. Таму го наоѓам својот мир, вежбам исклучиво на тепихот на мајка ми, кој некогаш сама го исткала.

Верувам дека јогата е чиста гимнастика и не е во ред луѓето да мислат дека има некаква врска со религијата. Јас вежбам јога на мој начин – додава Панта.