Младиот скопјанец Мухамед решил да работи земјоделие, наместо да дреме во канцеларија: Има добра заработка
Садењето го прави со љубов. Ова е Мухамед Ебипи од скопско Крушопек. По завршување на факултетот, не сакал да започне да работи во некоја канцеларија, туку ја наследил работата на дедо му и татко му, а тоа е земјоделието.
Заработката е добра, но и оваа работа како и секоја друга, има свои тешкотии.
-Јас обработувам околу 7 до 8 илјади квадратни метри, не сум ги пресметал приближно но до 5, 6 или 7 илјади евра имаме годишно трошоци, вклучувајќи го семето, прскањето, ѓубрењето на земјата и многу други работи кои не е потребно да ги спомнувам-вели Ебипи.
ТВ21: Во моментов што садите? Ебипи: Во моментов тоа се салатите или марулите како што ни се познати нам, тие се предвидени за на есен да се продаваат, повторно ќе садиме за во зима, нешто садиме и за во зима.
Покрај заработката, понекогаш има и загуби, особено поради климатските промени. ТВ21: Имало ли моменти во годината или некоја сезона кога сте имале загуби?-Се случува.
ТВ21: Вие лично дали сте имале? -Се случувало да има многу дожд и да се оштетат насадите, или да падне град, или да се појави некоја болест, или семето на насадот да не биде оригинал.
Целата сторија со видео прилиог може да ја проследите на ТВ21.