Познат македонски доктор со својот тим сака волонтерски да оди во помош на Турција и Сирија
Дваесет и четири припадници на Армијата, меѓу кои и две лица водачи на службени кучиња со кучиња, 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила се испраќат за помош во Турција.
Од Дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица – припадници на републичките сили за заштита и спасување, со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.
Министерството за финансии е задолжено до Владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош.
Но покрај државната помош веќе на социјалните мрежи се огласуваат и цивили, но и стручни лица кои сакат волонтерски да заминат во засегнатите подрачја.
Меѓу нив е и познатиот македонски доктор Мице Дудучки кој вчера на својот фејсбук профил сподели:
Дали постои некој сектор во министерството за здравство да се пријавам како лекар-доборволец сo искуство во дизастер медицината(медицина при масовни не среќи)
Како искусен невропсихијатар да помогнам во згрижување на психотрауматизираните,кои за жал ги има во оромен број.
Јас и мојот тим се ставаме на располаганје,или во меѓнароден црвен крст или полумесечина да помогнеме на братскиот турски и сиријски народ.
Би замолил некој да ми даде број од ЦУК или Лекари без граница!